Временска прогноза: Сончево со умерена облачност!
Објавено: 2 февруари, 2013, во 08:44 часот
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од -4 до 1, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура до 0 и со дневна до 11 степени.
Во недела времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 6 до 13 степени.


