ВМРО-ДПМНЕ: Непромислена изјава на Петров!
На изјавата на Андреј Петров реагираа од владејачката партија, оценувајќи ја како непромислена и навредувачка кон бранителите од 2001 година, алудирајќи на зборовите на Петров кога вели дека оваа криза е најголема во последните десет години.
„Во 2001-та имаше вооружен меѓуетнички конфликт, во кој луѓе гинеа за одбрана на државата. Да се поистоветува тој вооружен конфликт со политичката криза која се обидува да ја создаде Бранко Црвенковски, а чиј соучесник е Андреј Петров е ниско и надвор од разумот. Да се поистоветуваат бранителите со Јани Макрадули, со Весна Бендевска, со Радмила Шеќеринска и Бранко Црвенковски е најголема навреда што СДСМ можеше да ја смисли“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изјавата на Андреј Петров во делот каде што кажува дека се покомпактни од било кога и дека ќе одат до крај со бојкотот на локалните избори, не му ја земаме за зло, бидејќи очигледно Андреј Петров не е во тек со постапките кои СДСМ веќе ги презема“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
