МРТ се огради од спотот за “Империја“
По бројните реакции на граѓаните за евровизиската “Импeрија“ се огласи и МРТ.
Како официјална членка на ЕБУ, МРТ смета дека видео записот, комплетно изработен од Егзит Б Продукција, не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно представување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван,пренесува дневниот весник “Вест“. Во писмото од шефот на евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски се наведува дека МРТ дозволила целосна слобода при креирањето на видео записот за евровизиската “Империја“.
МРТ децидно тврди дека : ниту го постирала, ниту го отстранила спорниот видео запис од било која веб страна на Интернет. Како носител на лиценцата за евровизискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и промени на комплетниот национален Евровизиски пакет, се до крајниот термин – 18 ти март 2013-та година , кога тој треба да се предаде на ЕБУ.
МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста, за инволвираноста во идејното решение и реализацијата на видео спотот и сериозно размислува, за одпочнување на постапка за заштита на интересите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=ofB4nvQvZPI{/youtube}
извор: ВЕСТ