Помош за настраданите од поплавите!
Објавено: 2 март, 2013, во 15:17 часот
Домаќинствата погодени од последните поплави во земјава ќе добиајт по 15.500 денари еднократната парична помош, како и облека и покуќнина.
„Оваа еднократна помош е интервентна и таа не го анулира делумниот надомест на штети кој ќе се исплати врз основа на проценка на општинските комисии за штети согласно законот. Значи оштетените од куќата или станот кој бил оштетен ќе добијат и еднократна парична интервентна помош од 15 500 денари, и потоа согласно закон ќе добијат и надомест на штета врз основа на проценките на општинските комисии”, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Царинската управа и Агенцијата за управување со одземен имот ќе ги обезбедат облеката, обувките и покуќнината.За општините погодени од поплавите владата ќе отстапи 130.000 литри нафта, кои ќе се користат за санирање на последиците од поплавите.
„Ќе продолжат мерките за доставување на лекови, храна и санитетски материјал онаму каде што е потребно, зголемена мобилност на болниците, клиниките и медицинските центри, расчистувањата на теренот и санирање на последиците. Владата ќе продолжи будно и активно да ја следи состојбата и да презема мерки и активности за понатамошна поддршка на населението”, информира Ѓорѓиев.
