Хаос во Скопје: Македонците и Албанците се тепаат заради министерот за одбрана
Објавено: 2 март, 2013, во 15:24 часот
Во инцидентите после протестот пред зградата на Владата,по повод именувањето на Талат Џафери,поранешниот командант на ОНА,за министер за одбрана,денеска повредени се најмалку 7 граѓани и 11 полицајци,десетина млади се приведени во полиција.
МВР соопшти дека синоќа имало неколку инциденти и во автобусите на јавниот превоз помеѓу млади момчиња од македонска и албанска националност.
Во меѓувреме има протести во паркот Жена борец спроти парламентот а организатор е партијата Достоинство во која членови се поранешните борци во воениот конфликт во 2001 година а протестираат против именувањето на Џафери за министер за одбрана.
Достоинство денес почна и со собирање на потписи за референдумско изјаснување за смена на Џафери.Потребно е да се соберат 100 потписи за иницијативата да биде поднесена во парламентот,доколку претседателот на парламентот даде зелено светло,треба да се започне со собирање на 150 000 потписи за распишување на референдум.
Извор: Танјуг
