Грците ни „испратиле“ товарен воз полн со имигранти!

Објавено на 14 март, 2013 во 13:04

Во товарен воз на граничниот премин Богородица откриени се 31 илегалци кои се обидувале нелегално да ја преминат границата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, околу 21.15 часот на железничкиот премин кај Богородица во пет вагони од товарен воз се откриени 31 илегалец.

Полицијата во соработка со Царинската управа откриле по девет државјани на Сирија и Брегот на слоновата коска, осум од Мали, двајца Сенегалци и по еден имигрант од Уганда, Конго и Буркина Фасо.

Откако полицијата разговарала со нив, истите на граничниот премин Евзони и се предадени на грчката полиција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.