Работи Антикорупциска, го чешла имотот на Жерновски, на три дена пред избори!
Антикорупциската комисија покрена постапка за имотот на кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски кој во анкетниот лист кој го доставил до нив дал неточни информации.
На три дена пред вториот круг од локалните избори, во кои тој се трка за градоначалничката функција со актуелниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ, антикорупционерите покренале истрага и констатирале дека тој го прекршил Законот за спречување на корупција, објави Фактор.
„Со споредбата меѓу посочените документи и обврските од Законот за спречување на корупцијата ДКСК заклучи дека лицето Андреј Жерновски има давано неточни и непотполни податоци за својот имот кои се разликуваат во повеќе сегменти и тоа: во адресите, во наведените квадратури, во основот на стекнување на имотот и во деловите врз кои лицето има право на сопственост, односно на користење на имот”, стои на интернет страницата на Антикорупциска.
