Њујорк: Средби на Нимиц со Јолевски и Василакис!

Објавено на 8 април, 2013 во 08:57

Метју Нимиц, специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција, денеска и утре во Њујорк ќе оствари средби со претставниците на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

„ Амбасадорот Нимиц ќе се сретне со двајцата претставници одвоено, а потоа на заедничка средба, со цел да продолжат разговорите под посредништво на Обединетите нации, за да се изнајде заемно прифатливо решение за прашањето за името,“ стои во соопштението на прес-службата на Светската организација.

Последната рунда разговори се одржа пред повеќе од два месеца. Тогаш беше најавено дека преговорите помеѓу Македонија и Грција наскоро ќе продолжат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.