Сакам.инфо нов агрегатор на вести
Сите свежи содржини кои ги објавуваат независните медиуми во Македонија на социјалните мрежи и нивните RSS фидови се достапни на новиот сајт Сакам.инфо
На сајтот на овој агрегатор можат да се проследат сите постови на порталите во зависност од времето на објавување, така што позиционирањето е автоматизирано и времето на објавување на новостите се однесува на моментот кога веста била објавена на социјалните мрежи или сајтовите.
Изборот на медиумите е според критериумот за независно, квалитетно и објективно новинарство и придржување до професионалните стандарди за известување. Тимот на Сакам.инфо нагласува дека добредојдени се сите оние медиуми кои се пронаоѓаат во оваа категорија.
Сите информации кои се објавуваат на Дума.мк сега се достапни и на овој агрегатор на вести./А.Д
