МИМ ги додели наградите „Никола Младенов“ за најдобрите истражувачки стории!

Објавено на 11 април, 2013 во 13:35

Серијата прилози на тема „Вработувања по партиски список“ на тимот новинари на ТВ Алфа, Љубиша Арсиќ, Пандорче Антеска и Бојан Стојановски ја доби првата награда од конкурсот за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“ за 2012 година на Македонскиот институт за медиуми.

Втората награда му припадна на Дејан Азески од „Капитал“ за текстовите на тема „Масовното иселување од Македонија“ додека третото место го делат Кристина Озимац за темата „Каде испарија 635.000 евра од тендерот ИЗИС“ објавени во „Фокус“ и Теофил Блажески за сторијата „Решавањето на сметот бара знаење и пари – сто милиони евра за отпад“, објавена во „Граѓански“.

Истражувачките стории на Томислав Кежаровски и Саше Димовски објавени во „Нова Македонија“ односно во „Фокус“ добија пофалници.

На конкурсот кој МИМ го објави годинава конкурирале 18 автори со 28 стории објавени во печатените и електронски медиуми.

Наградата се доделува по 12-ти пат и од годинава го носи името на новинарот и сопственик на „Фокус“ Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.