Тарчуловски се врати во Македонија!

Објавено на 11 април, 2013 во 15:12

По осум години  поминати во затвор, Јохан Тарчуловски, попладнево се врати во Македонија.

Веднаш по пристигнувањето со владиниот авион на скопскиот аеродром „Александар Велики“ го пречекаa сопругата, неговите деца и премиерот Никола Груевски, како и пријатели и поддржувачи, владини министри, пратеници и граѓани.

„Вашата поддршка иако бев далеку многу  ми значеше. Вашата поддршка ми беше се. Се докажало на времето и се докажува и денеска дека жртвата за Македонија нема цена. Како што ќе рече Гоце Делчев за делото нема почеток и нема крај. Немам зборови да го искажам тоа што го чувствувам денеска,“ рече Тарчуловски на скопскиот аеродром.

Тој имаше средба со премиерот Никола Груевски а предвидено е положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа во близина на Порта Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.