Гласањето во Центар ќе го следат амбасадорите!
Амбасадорите на САД и на земјите членки на Европската Унија ќе ги набљудуваат избирачките места на кои во текот утрешниот ден ќе се гласа по трет пат во општина Центар.
Странските амбасадори во земјава се одлучиле лично да го следат гласањето од причина што заврши мисијата на набљудувачите на ОБСЕ и ОДИХР.
Невладината организација „Цивил“ повика сите учесници во изборите доследно да го почитуваат изборниот молк.
Хелсиншкиот комитет за човекови права отвори канцеларија, каде што граѓаните ќе можат да пријават повреда на избирачкото право за време на прегласувањето во недела.
Пред утрешното прегласување на вториот круг од локалните избори во дел од изборните места во Центар и Струга и едно во Ѓорче Петров, и втор круг во Долнени, денеска гласаат изнемоштени и болни лица.
Извор: Новатв.мк