Мост ќе го набљудува прегласувањето во Центар и Струга!
Објавено на 20 април, 2013 во 14:12
Со 130 набљудувачи, граѓанската асоцијација МОСТ утре ќе го набљудува гласањето. Тие ќе бидат присутни на прегласувањето на 29-те гласачки места во општина Центар, 9-те гласачки места во општина Струга, како и едното гласачко место во општина Ѓорче Петров.
Набљудувачи на МОСТ, исто така, ќе има на 20 гласачки места од вкупно 39 гласачки места во општина Долнени.
МОСТ покрај гласањето во недела, го набљудува и денешното предвремено гласање во четирите општини.