Демиркапискиот тунел ќе се заштитува, сообраќајот времено ќе се запира!

Објавено на 21 април, 2013 во 10:14

Од понеделник, 22-ри па во наредните пет дена до 26-ти април, во влезот на постоечкиот тунел во Демиркаписката клисура целосно ќе се затвора сообраќајот во период од еден час и тоа од 09:30-10:30, 11:30-12:30, 13:30-14:30, 15:30-16:30, со цел да се обезбедат предуслови за безбедна инсталација на системот за заштита при паѓање карпи.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по суви и чисти коловози.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација која го регулира сообраќајот.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај селото Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

На патниот правец Неготино – Штип преку Лакавица, има забрана за движење поради оштетување на мостот број 9 преку реката Вардар. Тој е целосно затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Патниот правец Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај. Сообраќајот се одвива до месноста Корита но само од охридската страна. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.