Невработените, во поодминати години, на обука за вработување!
Објавено на 22 април, 2013 во 17:19
Како полесно да стигнат до работно место деновиве ќе почнат да учат околу 5.000 невработени на возраст од 40 до 49 години.
Во проектот ќе бидат вклучени лицата кои чекаат работа повеќе од десетина година.
Мотивациони обуки за долгорочно невработените треба да завршат до мај, а од Агенцијата за вработување допрва ќе се состануваат со бизнис заедницата за да откријат каде овие лица можат да се пронајдат во приватниот сектор.
Со последната пререгистрација од 221.000 невработени, скоро половината од нив се изјасниле дека бараат работа, а 120.000 се изјасниле дека не се заинтересирани да стигнат до работно место.
