Советот на министри на ЕУ ја одложи за јуни одлуката за датум за Македонија!

Објавено на 22 април, 2013 во 17:42

Советот на министри на ЕУ за јуни ја одложи одлуката за носење на заклучок дали да се прифати препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на пристапните преговори со Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

– „Во однос на проширувањето, најголем дел од дискусијата зазема петочниот договор меѓу Србија и Косово што е историски момент не само за овие две земји, туку и за цела Европа. Утринава, комесарот за проширување Штефан Филе ги презентираше извештаите за Србија и Косово, но и за БЈР Македонија. Засега само ги разгледавме истите и предлозите на Комисијата, додека на следниот состанок на Советот за општи работи во јуни, пред Самитот на Европскиот совет, ќе ги донесеме потребните одлуки,“посочи заменик претседателот на ирската влада и министер за надворешни работи, Емон Гилмор.

Министрите за надворешни рбаоти на Унијата се очекува одлуката за Македонија да ја донесат два-три дена пред следниот самит, кој е закажан за 28 јуни во Брисел.

„Дотогаш нема да се знае дали Македонија по пет едноподруго препораки од ЕК ќе добие датум за почеток на преговорите за членство, за разлика од Србија, која утринава ја доби првата таква препорака, а веќе се предвидува дека во јуни ќе добие датум за преговори“, јави МИА.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.