Загина рудар во рудникот Саса!
Објавено на 25 април, 2013 во 11:41
Во рудникот за олово и цинк Саса, во Македонска Каменица утрината загина 27 годишен рудар.
До несреќата дошло кога рударот возел локомотива, при што од спротивниот правец налетал на друга локомотива со која се судрил.
При ударот се здобил со повреди во градниот кош, поради што починал веднаш.
Се очекува по увидот да има и официјална информација за причините на трагедијата.