Први, трети и шести мај се неработни денови!
Објавено на 25 април, 2013 во 11:47
Денот на трудот – први мај 2013 година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Неработен ден за граѓаните од православна вероисповед ќе биде и 3 мај (Велики петок), како и вториот ден од Велигден – 6 мај (понеделник).
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.