Граѓани во општина Центар го бранеа зеленилото!
Жителите на Центар се кренаа против уништувањето на зеленилото во нивниот двор. Утрото група граѓани се собра на мирен протест а попладнево ги урнаа поставените лимени огради.
Станарите од зградите околу Бристол почнаа со уривање на оградите каде денеска беа исечени речиси сите дрвја, откако вчера градот донесе решение за нивна сеча без притоа да помине рокот за жалба за таквата одлука.
Граѓаните порачаа дека повеќе во Центар нема да дозволат да се исече ниту едно дрво како и да се гради на зелените површини.
Тие се жители на Градски ѕид, во близина на „Бристол“ и Стара железничка станица а оградата што ја урнаа беше поставена поради изградба на нова зграда на ЕЛЕМ.
Градоначалникот Андреј Жерновски изјави дека е оправдан револтот на граѓаните и најави дека општината е можно да издаде решение за стопирање на изградбата поради многу пропусти и недоследности на издадената дозвола./Б.Н.Т