Бранко Црвенковски се повлекува од лидер на СДСМ!
Објавено на 25 април, 2013 во 21:09
На седницата на Централниот одбор на најголемата опозициска партија, претседателот на СДСМ поднесе неотповиклива оставка и најави дека нема да се кандидира за нов мандатна конгресот на партијата кој ќе се одржи на 2 јуни, објави Бриф.
Тој образложил дека не успеал своето мислење да го наметне во партијата. Рекол дека препознал кога одлуката се носи со срце а кога само со кревање на два прста.
„Бидејќи не можете да ги поддржите моите одлуки, си поднесувам неотповиклива оставка,“ рекол Црвенковски.