Будимпешта: Автобус со Македонци излета од пат!
Објавено на 26 април, 2013 во 07:03
Автобус полн со македонски државјани, нокеска, излетал од патот на околу 50 километри пред Будимпешта. 28 лица се повредени најголем дел од нив се Македонци, пренесе Пресс24.
Несреќата се случила во близина на г.Гор. Автобусот сообраќал на релација Скопје- Прага.
Според извори на Пресс 24, информацијата утрово во МВР ја пријавил унгарскиот амбасадор во земјава.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот./А.Д