„Бедем“ со закана за отпор до Жерновски!
Објавено на 27 април, 2013 во 12:53
Здружението на бранители „Бедем“ во отворено писмо му испорача закана на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски дека ќе се соочел со отпор. Тие му пишуваат да не посегал по спомениците, бидејќи ќе наидел на силен отпор.
„Иако свесни дека остранувањето на спомен обележјата на истакнати македонски дејци не е во Ваша надлежност, Ви ставаме јасно до знаење дека доколку се дрзнете на ваков чекор ќе се соочите со жестока реакција на нас бранителите – пишува во писмото на Бедем до Жерновски. Ова писмо доаѓа по најавената ревизија ревизија на проектот Скопје 2014-та.