Дел од повредените патници, кај Будимпешта пуштени од болница!

Објавено: 27 април, 2013, во 13:03 часот

Возачот на автобусот заработи кривична пријава за несовесно предизвикување сообраќајна незгода со повеќе повредени, соопшти министерството за надворешни работи.

Деветмина повредени патници во автобуската несреќа во Унгарија се пуштени од болница.

Тие го очекуваат превозот со кој треба да се вратат назад во Македонија.

Еден од патниците го продолжил патувањето кон Прага.

Сеуште нема официјални информации за причините на несреќата.

Унгарските медиуми јавија дека возачот најверојатно заспал.

Несреќата со автобусот кој излета од патот во близина на Будимпешта, кога беа вкупно повредени 28 лица, од нив 21 македонски државјани, се случи завчера.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.