Денеска се празнува Цветници!
Православните христијани денеска го чествуваат празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.
Цветници секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека, му го постилале патот.
Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и со облека.
Цветници се празнува ден по Лазарева сабота. Двата празници се поврзани со пролетта и со цвеќето, со лазарските песни кои се пеат за личен и напредок на семејството.