Бесими: Двете земји да најдат взаемно прифатливо решение за името!

Објавено на 8 мај, 2013 во 14:10

Добра волја, надеж, пријателство со искрен пристап кон европската перспектива. Ваква оценка денеска дал по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.

Тој изразил надеж дека двете земји имаат капацитет и храброст, што е можно побрзо да ги надминат сите предизвици и да најдат заемно прифатливо решение за спорот со името.

Аврамопулос изјавил дека Грција во преговорите за името е искрена. Според него, важно е додека траат преговорите под покривитество на ОН, да преовладува умереност и воздржаност./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.