Струмица доби кино опрема!

Објавено на 8 мај, 2013 во 16:15

По две децении филмофилите во Струмица ќе можат да уживаат во проекциите на големо платно. Во Центарот за култура „Антон Панов” денеска беше монтирана новата кино-опрема која ја набави министерството за култура.

Утревечер ќе се случи првата кино проекција кога ќе биде прикажан филмот „Војна и мир“.

 

-„ Во соработка со Кинотека на Македонија и амбасадата на Русија во Македонија, од утре до 14 овој месец, љубителите од Струмица ќе можат бесплатно да проследат шест филмови од руската кинематографија. Првите проекции ќе бидат во големата сала, а во иднина во зависност од бројот на публиката и временските услови и потреби на останатите сектори од Центарот, проекциите можат да бидат и на малата сцена, изјави Иван Јовев, директор на НУКЦ „Антон Панов“.

Првично во киното ќе се има по две проекции неделно. Кино билетите ќе чинат 100 денари./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.