Поплавени подрумите на Археолошкиот музеј и Уставниод суд!

Објавено на 14 мај, 2013 во 17:02

Поплавени се Археолошкиот музеј и Уставниот суд во Скопје. Подземните води, откако синоќа се зголеми нивото на Вардар, ги наполнија подрумите. Тоа го констатирал Градежниот институт „Македонија“ кој во соопштение напиша дека поплавата е поради високиот водостој на реката Вардар.

„Карактеристично за сегашниот период и состојба на висок водостој, анализирано во последните 20 години, има доста високи, дури и екстремни нивоа на подземни води“.

Надлежните од општина Центар со пумпи ја црпат водата од подрумите на двете згради кои сериозно им се закануваат на двата објекти.

Освен Археолошкиот музеј и Уставниот суд поплавените се и објектите „Тифани”, „Еуростандард банка”, „Соборниот храм“ и други на потегот од Вардар до ТЦ Буњаковец.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.