Работник почина во РЕК Битола!

Објавено на 14 мај, 2013 во 18:36

Несреќата се случила додека работникот бил во багерот на своето работно место и ги извршувал редовните обврски во втора смена во рудникот на РЕК Битола, објави Плусинфо.

За време на ископот на руда околу 16 часот работникот паднал, по што настапила смртта. Случајот го потврди и битолската полиција чии екипи се уште се на терен со цел да се утврдат околностите кои го предизвикале смртоносниот исход.

– Сепак, според првичните сознанија на лекарите од амбулантата која што функционира при РЕК Битола, а кои први притекнале на помош на работникот, смртта настапила поради масивен срцев тежок удар, изјави Јован Колевски, од службата за односи со јавност при РЕК Битола.

Тој појаснува дека не станува збор за повреда при работа, туку за природна смрт предизвикана од инфаркт. Покрај лекарите од амбулантата на лице место веднаш пристигнала и екипа на итната медицинска помош од Битола.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.