Топло со јужен ветер!
Објавено на 16 мај, 2013 во 06:30
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од јужен правец.
Дневната температура ќе се движи од 18 до 29 степени Целзиусови.
За времето на викендот, како и на почетокот на следната недела, времето ќе остане стабилно и многу топло за овој период од годината, соопштија од УХРМ.
Во сабота и недела температурата ќе се искачи и до 30-от степен.
