Пороен дожд со грмежи!
Објавено на 17 мај, 2013 во 06:20
Во Македонија денеска времето ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и силни електрични празнења.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилноста ќе биде особено изразена во западните делови на земјата.
Од таму препорачаа поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
