Температурите во Македонија се во жолтата алертна фаза!

Објавено на 21 мај, 2013 во 06:41

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 32 степени.

Деновите со повисоки температури се очекува да траат до среда, а веќе од четврток се очекува намалување на температурите во цела држава.

Денеска треба со особено внимание да се излегува надвор, на сонце. Во колку мора да се изложите на директни сончеви зраци тоа треба да биде што е можно пократко особено во периодот од 11 до 16 часот. Носете светла облека, пијте течности, храната нека биде лесна и редовно земете ги лековите кои ви се потребни доколку боледувате од хронична болест.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.