Телевизија Алфа доби национална концесија!

Објавено на 23 мај, 2013 во 20:00

Советот за радиодифузија одлучи Алфа телевизија да добие национална концесија. Ваквата одлука ги подели совениците.

„Телевизијата располага со доста квалитетна опрема која е спремна за она што следи – да емитува програма во дигитален формат. А овој радиодифузер има 134 вработени“, рече Борис Арсов, член на СРД.

Според  советникот Замир Мехмети наместо нови концесии, треба да им се помогне на постоечките телевизии, а одлуката Алфа телевизија да добие концесија е избрзана.

За истата национална концесија конкурираше и Канал 77 од Штип.

Советот за радиодифузија дозволи шест локални телевизии да ја променат сопственичката структура, со што тие добија нови газди.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.