Новинарите утре на средба со претседателот на Судот!

Објавено на 3 јуни, 2013 во 20:46

Кривичниот Суд- Скопје денес испрати одговор преку соопштение по повод барањето на новинарите.

Судот во соопштението напиша дека „во врска со барањето за прием на Иницијативниот одбор на новинари, а по однос на истражниот предмет на овој суд КИОК.бр. 41/13 во кој е обвинет новинарот Томислав Кежаровски, Претседателот на судот во присуство на претставници на Канцеларијата за односи со јавност закажува средба за ден 04.06.2013 година – вторник во 14,30 часот во просториите на Основниот суд Скопје I Скопје со одговорните лица на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Кежаровски, односно со најмногу тројца претставници на одборот“.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.