Сончево и топло преку цел ден!
Објавено на 16 јуни, 2013 во 06:38
Сончево и многу топло ќе биде времето денеска во Македонија. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 35°C. УВ индекс 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 8.
