Ахмети го пречека Жерновски во Мала Речица!

Објавено на 19 јуни, 2013 во 20:07

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска му беше домаќин на лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски во Мала Речица.

Средбата, како што пренесуваат некои медиуми поминала работно, а теми на разговорот им биле добрите партиски односи , приориететите на Република Македонија и деталите од посетата на Ахмети на Соединетите Американски Држави.

 

Ахмети и Жерновски констатирале дека добрите меѓуетнички односи биле приоритети за земјава како и спроведувањето на Охридскиот договор, добрососедските односи и економскиот развој.

Ахмети нагласил дека за влез во ЕУ и НАТО, неопходно е земјава да го реши спорот за името со Грција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.