Сончево и топло со благ пад на температурата!
Објавено на 25 јуни, 2013 во 06:32
Денеска ќе се задржи претежно сончево и топло време.
Ќе има благ пад на температурите и ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 14°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 34°C. УВ индекс 8.
Во Скопје претежно сончево и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 8.
