Украл сеф со пари и злато!

Објавено на 25 јуни, 2013 во 09:59

Спектакуларен грабеж се случил во Скопје. Крадец од куќа украл сеф со пари и злато  во вредност од над половина милион евра.

Како што соопшти МВР, крадецот викендов со насилно отворање на балконската врата влегол во куќа на улица Павел Шатев, од каде украл метален сеф.

Во него имало 500.000 евра, 50.000 долари, златен накит и документи.

Полицијата трага по сторителот на оваа кражба.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.