Ќе се реновира железничката станица во Скопје

Објавено на 4 јули, 2013 во 11:32

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, изјави дека ќе се реконструира железничката станица во Скопје.

Ова е прва реконструкција на станицата по цели 33 години.

Постапката за избор на градежна фирма е веќе во процес. Треба да се донесе крајна одлука најкасно до јануари, 2014. Проектот е планиран да се заврши за една година.

„До 2015 година треба да имаме целосно реконстрирана железничка станица во Скопје, подигнување на платформата, пристап на инвалидизираните лица изградба на два лифта, целосно внатрешно уредување, нови табли, нова чекална се она што треба да го има една модерна и современа Железничка станица“, изјави Јанакиески.

Проектот од 2,5 милиони евра е финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ и 15% домашна инвестиција.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.