Почит кон борците и другарот Тито!

Објавено на 4 јули, 2013 во 14:28

Во Скопје беше одбележан 4 јули, денот на борецот или празникот кој се празнуваше во поранешната држава, СФРЈугославија. Делегации од Сојузот на партијата Титови Леви Сили и здружението „Јосип Броз Тито“ им оддадоа почит на загинатите борци во втората светска војна положувајки цвеќе и поклонувајќи се пред Споменикот кај Владата и споменикот на Јосип Броз Тито пред истоимената гимназија, пренесе Плусинфо.

Претседателот на Титови Леви Сили, Слободан Угриновски, истакна дека на овој ден е одржана историската седница со која почнува борбата против фашистичката окупација.

– За жал не само сега, туку и во други прилики, само ние оддаваме почит на овој ден. Ова се прави во отсуство на СДСМ, на боречката организација и на невладините организации – посочи Угриновски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.