Кумановци ќе се топлат на природен гас

Објавено на 5 јули, 2013 во 12:52

Гасификацијата во Куманово е веќе при крај и следната грејна сезона се очекува и домаќинствата да се приклучат кон гасоводната мрежа.

Мрежата се градеше во изминативе три години во партнерство помеѓу јавното локално претпријатие „Куманово-гас“ и локалната самоправа. Анализите покажуваат дека гасификацијата ќе ги намали сметките за електрична енергија, огревно дрво и нафта.

Приклучувањето на домаќинствата ќе чини 800 евра. За дел од граѓаните ова е инвестиција која ќе се отплати со помалите сметки. Други сметаат дека е прескапо и не можат да си дозволат.

Гасоводната мрежа која мине покрај јавните и државни институции е веќе при крај. Останува како приоритет гасификација на гимназијата „Гоце Делчев“.

Струмица исто така е во процес на гасификација. Во тек е изградбата на гасоводната мрежа по улиците на градот.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.