Владиката Пимен со одговор за Премиерот Груевски!

Објавено на 8 јули, 2013 во 20:59

„Животното искуство и мудроста стекната низ него нè учи да одговориме на сè, на нападите особено, но Христос нè учи да простиме, да го завртиме и другиот образ. Како човек да се именува Христијанин, ако не постапи согласно зборовите Христови? Порадо би останал со Христа, отколку со некоја замислена победа.

Еве, ја препуштам истата на оние кои уживаат во неа“, напиша Отец Пимен на страницата на Европската епархија на МПЦ, со која тој раководи.

Статусот следи по вчерашните критики на премиерот Никола Груевски за владиката Пимен за кого рече дека ги искористил случувањата во општина Центар за да излезе од анонимност а ги пренеле медиумите под контрола на опозицијата.

Груевски додаде дека Владиката Пимен бил поблизок со СДСМ отколку со ВМРО ДПМНЕ.

Ваквите реакции следат откако единствено од МПЦ Владиката Пимен ги осуди нападите и демолирањето на општина Центар прашувајќи какви се тоа верници кои кршат се пред себе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.