Ванизелос и Поповски разговараа во Брисел

Објавено на 23 јули, 2013 во 07:22

Потпретседателот на грчката Влада и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, вчера во Брисел се сретна и со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со кого „разговараа за прашања од заеднички интерес во рамките на познатите позиции на двете земји“.

Претходно грчкиот министер Венизелос и еврокомесарот за проширување Штефан Филе имале средба во Брисел на која разговарале за прашања поврзани со Западен Балкан, со посебен осврт на Македонија.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, го соопшти грчкото МНР без да открие повеќе детали за средбата која се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската унија.

– Венизелос и Филе разговараа за прашања од особен интерес за Грција и поконкретно за прашања поврзани со Западен Балкан, со посебен осврт на прашањето на Македонија, Србија и Косово, како и прашања во врска со Кипар и европската перспектива на Турција, стои во соопштението.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.