Слобода за Кежаровски бара и Мрежата на професионални медиуми од Југоисточна Европа
Објавено на 23 јули, 2013 во 14:37
Кон барањето за итно ослободување на Кежаровски се приклучи Мрежата на професионални медиуми од Југоисточна Европа (МПМЈЕ). Во мрежата членуваат 17 невладини организации од 12 земји.
-Мрежата на професионални медиуми од Југоисточна Европа е длабоко загрижена за здравствената состојба на македонскиот новинар Томислав Кежаровски кој започна штрајк со глад на 22 Јули, а во притвор е од 28 Мај. МПМЈЕ која обединува 17 медиумски организации од 12 држави бара итно ослободување на Кежаровски, се вели во соопштението.
МПМЈЕ е само една од повеќето интернационални и регионални организации кои бараат ослободување на Кежаровски.
