Почна судењето за случајот „Ликвидација“, адвокатите имаат повеќе барања

Објавено на 9 август, 2013 во 09:31

Во скопскиот Кривичен суд, почна судењето на групата во случајот „Ликвидација“. Адвокатите бараат судот во Скопје да не постапува за кривичните дела за кој се обвинети Сашко Лазаров, Борис Николовски и  Јане Павловски Тица бидејќи за овие дела не е предвидена казна затвор од најмалку 4 години што е услов да постапува Судот за организиран криминал.

Покрај префрлање на надлежноста во судот во Велес, адвокатот на Сашко Лазаров, Валерија Николова, побара судот да одлучи и за понудената гаранција од над 600 илјади евра за да може Лазаров да се брани од слобода.

Адвокатите Јован Јоанидис и Александар Тортевски , бранители на обвинетите Ивица Ефремов, и Борче Николовски, тврдат дека обвинителството ги гони за кривично дело противзаконито посредување кое не постои од 2011 година.

Поради серија приговори во моментов е дадена пауза по која судиите ќе соопштат дали постапката ќе продолжи во судот во Скопје или ќе се уважи барањето за пренесување на надлежноста во судот во Велес.

Саше Димовски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.