Дожд ќе врне утре попладне

Објавено на 14 август, 2013 во 15:21

Во Македонија утре попладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови нестабилно со услови за локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен, а во северните делови на моменти и засилен северен ветер.

Температурите ќе се движат од 24 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 34 степени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.