Сончево со локална облачност и ветровито!

Објавено на 22 август, 2013 во 07:00

Претежно сончево со локална облачност, посвежо и ветровито ќе биде времето денеска во Македонија.

Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападните предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 7.

 

Во Скопје во четврток исто така претежно сончево со локална облачност, посвежо и ветровито. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна ќе достигне до 32°C. УВ индекс 7.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.