ЗНМ: Државата директно ќе се меша во медиумскиот бизнис

Објавено на 23 август, 2013 во 08:06

Државата ќе им дава субвенции на националните телевизии за емитување и произведување на домашна документарна и играна програма. Тоа значи дека националните телевизии – од Буџетот ќе може да добијат субвенции и тоа во висина од 50% од трошоците што ги направиле за емитување и произведување на домашна документарна и играна програма.

Ова е предвидено во амандманот на предлог – Законот за аудио и аудиовизуелни дела, кој помина во собраниската комисија и за него сега ќе се расправа на пленарна седница.

За Здружението на новинари, ова е директно мешање на државата во медиумскиот бизнис, но сега овозможено со закон. На овој начин, медиумите уште повеќе ќе бидат зависни од власта.

„Ова е страшно и значи државен интервенционизам во медиумите. Тоа е грешно однесување на власта и мешање во содржината. Токму ова е уште еден доказ дека власта не сака слободни медиуми. Па и самиот начин на кој се носи законот е доказ за тоа. Ќе бидат ли потоа телевизиите независни? Па ние и сега реагираме поради владините реклами, а сега власта оди понатаму и ќе дава уште пари, и тоа пари на граѓаните за приватни бизниси. Намерата е очигледна – уште повеќе да се засили контролата во медиумите. А тие пак со наши пари ќе ни го перат мозокот “, изјави за Фактор Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.