Претпладне сончево, попладне со услови за дожд!
Објавено на 28 август, 2013 во 07:05
Денеска претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локални врнежи од дожд. Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе биде во централните и јужните предели.
Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 36°C. УВ индекс 6.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ке достигне до 33°C. УВ индекс 6.
