Денеска сончево и посвежо
Објавено на 30 август, 2013 во 06:54
Денеска не очекува претежно сончево, ветровито и посвежо. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 34°C. УВ индекс 7.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 30°C. УВ индекс 7.
