На Голема Богородица во манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка

Објавено на 29 август, 2013 во 17:58

Голем број посетители, проценките се некаде околу 30 илјади верници,жители на градот и гости од бројни места од земјава и странство два дена престојуваа во манастирските конаци „Сарандопорски“ кај Крива Паланка,со една цел да се поклонат на светите мошти на преподобниот но и со молба за здравје,простување на гревовите и душевен спас за себе и своите најмили. Сите дојдоа на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот Свети Јоаким Осоговски. Светецот е заштитник на градот Крива Паланка.

Синоќа прославата на големиот христијански празник започна со свечена архиерејска литургија посветена на божјата мајка . По отслужената литургија беше извршен водокрст, по кој беа подигнати славските колачи на побожните христијани кои го чествуваат овој празник а славењето продолжи со музика,песна,оро и забава со традиционални фолк инструменти до рано наутро.

Со светата литургија рано утрово чиноначалствуваше неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан кој порача да бидеме сплотени и единствени бидејќи тоа денес е попотребно од кога и да е . На литургијата присуствуваше и претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.